| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична за кумановец: Лажел сограѓани дека ќе им извади бугарски пасош, им земал 3 500 евра

Четириесет и четиригодишен кумановец доби кривична пријава за „измама“, откако во неколку наврати на двајца свои сограѓани им ветувал дека ќе им посредува за добивање бугарски пасош, за што од нив зел 3.500 евра.

Пријавениот, парите од И.Х. (51) и А.И. (43), двајцата од Куманово, ги земал во повеќе наврати во периодот од април 2015 година до 22 август годинава со ветување дека ќе им помогне да добијат бугарски пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top