Едно семејство од јужен Лондон непријатно се изненадило кога во кесата со банани нашло примерок од еден од најопасните видови пајаци.
Таткото од четворочленото семејство со нога успеал да го спречи отворниот пајак да побегне, а сопругата повикала помош.
Во општиот метеж пајакот успеал да побегне, но зад себе снел илјада јајца. Во борбата со пајакот се вклучила и службата за дератизација која успеала да го фати пајакот, а јајцата ги уништиле со процес на замрзнување.
Видот на пајакот што им задал маки на семејството е познат како „банана пајак“ затоа што во природата се крие во крошните од бананите, а само едно каснување од овој вид пајак може да доведе до смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.