Бројот на пациенти во Македонија со мозочен удар се зголемува. Според статистиката, во Скопје на 600 илјади жители има меѓу 10 и 15 мозочни удари дневно. Тоа е голема бројка. Четириесет проценти од популацијата на возраст меѓу 35 и 60 години има хипертензија, а возраста на пациентите се намалува поради стилот на живот. Почесто има пациенти на возраст од 30 до 35 години кои имаат дефиниран мозочен удар, а тоа значи дека веќе имаат големи промени на крвните садови за да може да се дефинира мозочен удар. На оваа тема разговаравме со д-р Миленко Костов, неврохирург од Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.
Дали мозочните удари имаат генетска предиспозиција или,сепак, нешто друго е во прашање?
Костов: Прво би сакал да појаснам дека мозочните удари (инсулти) се поделени во две главни групи -хеморагични и исхемични. Кај првите постои излевање на крв во мозокот или во неговите обвивки, која може да биде во поголемо или помало количество, а, пак,вторите се предизвикани од опструкција (тромбоза) во внатрешноста на крвниот сад, со што се предизвикува мозочна исхемија, а последователно на тоа, доколку не се воспостави повторна проодност низ крвниот сад, изумираат деловите одмозокот штобиле снабдувани со крв од тој крвен сад.Хеморагичните мозочни удари,најчесто, се предизвикани од некоја васкуларна аномалија, која е можно да биде генетски условена или, пак, од покачен нерегулиран крвен притисок.Кај исхемичните мозочни удари, освен фамилијарната историја, голема улога играат и возраста, начинот на живеење, исхраната, физичката активност, пушењето и евентуалниот висок крвен притисок.
Генерално, се смета дека мозочните удари се комбинација од наследниот фактор (генетиката), возраста и,најбитно од сѐ,од начинот на живеење. Така,стресот, дебелината, пушењето, небалансираната исхрана, хипертензијата, нередовниот сон,секако,се предиспозициски фактори.
Зошто се зачестени мозочните удари кај младите?
Костов: За жал, брзиот начин на живеење, големото количество стрес, неквалитетната и нередовна исхрана инедостигот одфизичка активност придонесуваат во многу рана возраст да се појават болести како хипертензија и хиперлипидемија, кои значително го покачуваат ризикот за настанување мозочен удар.
Настрана од вродените аномалии, сите тие фактори доведуваат до алармантно зголемување на инциденцата на исхемичните мозочните удари,особено кај работоспособната популација на 30-40-годишна возраст. Тоа доведува не само до лични трагедии и инвалидитет,туку и до појава на сериозен социоекономски проблем во секоја држава.
Дали стресниот начин на живот влијае врззачестените мозочни удари?
Костов: Мора да бидеме реални и да признаеме дека стресот е само еден од факторите на ризик за мозочен удар. Се разбира дека стресот значително придонесува во зголемување на ризикот бидејќи,освен психичката компонента, придонесува и за забрзано оштетување на ендотелот (внатрешниот ѕид на крвните садови), што, пак, е предуслов за формирање тромби кои ги стеснуваат или дури и затнуваат крвните садови. Можеме да заклучиме дека стресот,секако,е предуслов, но не и главен причинител на оваа сериозна болест.
Како да се справиме со стресот? Што треба да избегнуваме за да не дојде до мозочен удар?
Костов: Пред сѐ,секој од нас треба да најде свој модус за менаџмент на стресот. Справувањето со стресот за некого може да подразбира долга прошетка во природа, за некого читање добра книга, а, пак, за некого редовен интензивен тимски или поединечен спорт.
Превенцијата на мозочниот инсулт е круцијална во неговото избегнување. Во земјите на модерниот свет се вложува многу во превентивата. Тука,пред сѐ, се мисли на едукацијата за здрав живот и подигнување на свеста за важноста на исхраната и на редовните физички активности.
Најдобри и најдолготрајни резултати во превентивата можат да се постигнат преку редовно спортување, регулирана исхрана, избегнување на цигарите и на алкохолот, редовен и квалитетен сон,како и минимизирање на стресните животни и работни ситуации, врз кои, да бидеме реални, и немаме баш некаква контрола.
Колкави се шансите за мозочен удар кај лицата штовеќе имаат преживеано удар?
Костов: Мора да се знае дека доколку некој еднаш доживее мозочен инсулт, мора да се преземат мерки за регулирање на факторитена ризик,како и да се користи терапијата што е препишана од лекар бидејќи шансата за негово повторување е поголема отколку кај лице без слична медицинска историја.
Во зависност од обемноста на иницијалниотинсулт,како и од последиците кои настанале, потребна е брза и динамична физикална терапија, која,освен намалување на инвалидитетот, ќе јанамали и тежината на социоекономскиот аспект,како за болниот така и за државата.
Некои делови на мозокот уште не се целосно откриени. Можеме ли да знаеме какви се можностите на човечкиот мозок?
Костов: Морам да кажам дека, и покрај тоа што постои детално мапирање на анатомските и на функционалните целини на мозокот,сепак, сѐ уште постојат некои релации внатре што не ни се целоснојасни.Постои значајна соработка и комуникација меѓу лекарите што се занимаваат со оваа проблематика низ целиот свет. Пред неколку дена гостин на Здружението на неврохирурзите на Македонија беше и еминентниот професор Махмут Гази Јашаргил, за чиешто гостување и вие пишувавте. Во текот на своето предавање тој најави големо откритие за еден дел одчовечкиот мозок кој до неодамнабеше целосно непознат за нас.Така што, за крај би рекол дека, и покрај сѐ,мозокот останува фасцинантен орган кој постојано е подготвен да нѐ изненадува.
Разговараше: Александра М. Бундалевска | Фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Внимавајте: Телото ги праќа овие сигнали еден месец пред мозочен удар
-
Лекар од Мексико тврди: Човекот со најголем пенис лаже, кожата му е до колена