| четврток, 6 декември 2018 |

Почина модниот дизајнер Оскар де ла Рента

Почина доминиканскиот дизајнер Оскар де ла Рента, едно од најголемите имиња во модната индустрија. Тој бил болен од рак.

Оскар де ла Рента

Оскар де ла Рента

Еден од најновите производи на познатиот дизајнер беше венчаницата што ја носеше адвокатката Амал Аламудин на нејзината свадба со актерот Џорџ Клуни.

Амал Аламудин

Амал Аламудин

Роден во Доминиканската Република на 22 јули 1932 година, тој стана познат во 60-тите години кога ја облекуваше тогашната прва дама на САД, Жаклина Кенеди.

Жаклина Кенеди

Жаклина Кенеди

Две години подоцна Де ла Рента заминува за Париз и почнува да дизајнира облека за Ланвин. Во 1963 година тој оди во САД, каде што во 1965 година основал своја модна марка. Во 2009 година дизајнерот е награден со престижната награда „Суперстар“, за исклучителен придонес во американската модна индустрија. Тој креирал облека за големи имиња, како Ненси Реган, Хилари Клинтон, Лора Буш и др.

Хилари Клинтон

Хилари Клинтон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top