| четврток, 6 декември 2018 |

Kого посети Путин во 2 часот наутро? (видео)

Рускиот претседател Владимир Путин неделава во Милано имаше густ распоред на средби, па едвај најде време да се види со стар пријател – поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој се наоѓа во куќен притвор заради затајување на данок.

Но, кога се има желба, никогаш не е доцна. Така, рускиот претседател отишол во посета во два часот по полноќ. Медиумите снимиле како пред зградата во која живее италијанскиот премиер доаѓа црна лимузина, а Берлускони поздравувал од влезната врата со насмевка на лицето.

Иако правилата на куќниот притвор налагаат Берлускони да смее да ја напушти својата вила во предградието само во „исклучителни ситуации“ и да се врати до 23 часот навечер, овојпат судот му дозволил со Путин да се дружи до три и пол часот наутро.

„Путин беше слободен дури околу два часот наутро, бидејќи состаноците со европските лидери му продолжија. Иако беше доцна, Берлускони не сакаше да ја пропушти можноста да поразговараат“, рекол анонимен извор.

Рускиот претседател повеќепати присуствувал на познатите забави на имотот на Берлускони во Сардинија, а на гостољубивоста му возвратил организирајќи заеднички одмор во својата летна резиденција на брегот на Црното Море, која има 20 соби. Минатата година Путин го посети Берлускони и во неговата резиденција во Рим, каде што беше фотографиран како и фрла топче на пудлицата Дуду, која припаѓа на девојката на поранешниот италијански премиер.

Пополноќната вечера со Путин започнала во станот на Берлускони во Милано, каде биле присутни и трите ќерки и двајцата синови на поранешниот италијански премиер. Домаќинот го пречекал гостинот со тестенини со бели тартуфи и тирамису крем, објавија италијанските медиуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top