Во лаборатории на британска фармацевтска компанија во Белгија се изработува експриментална вакцина против еболата и тоа може да е првиот лек против тој вирус, објави „Ер-Те-Ел“.
Портпарол на компанијата појасни дека изработката се води под надзор на СЗО и во соработка со научници од оксфордски универзитет и властите на САД. Веќе се извршени први експериментални вакцинации врз доброволци без здравствени тешкотии.
Се укажува дека анализите се извршуваат итно, со оглед на тоа дека вообичаено за тоа се потребни десетина години пред воведување лек за масовна употреба.
Од белгиската лабораторија тврдат дека на пазарот пуштиле вакцина против маларија со одобрение од властите добиено по анализи што траеле 30 години. Предвидено е првата етапа од анализите на вакцината против ебола да завршат во крајот на годинава, јави „Бе-Те-А“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.