Популарната српска старлета Сораја Вукелиќ (27) која поради убавина често одела под нож, изјави дека се покајала што ги зголемила усните, но се гордее со градите.
Прв пат тоа го направила пред 10 години вградувајќи силикон во градите и тоа од парите кои ги добила како наследство од нејзината покојна мајка. За да го зголеми деколтето од тројка на петка, старлетата повторно побарала услуги од пластичен хирург неколку години подоцна.
– Градите не ми се толку големи како што им се чини на луѓето кога ќе ме видат во весниците или на телевизија. Складни се и одговараат на мојата градба. Никогаш не се покајав што ги оперирав. Сите кои зборуваат дека се губи секакво чувство со вградување на силикон, зборуваат глупости, вели Сораја.
– Мислам дека малку претерав со усните, изјави таа пред неколку години кога и извадила, како што вели, некои кубик вишок.
Поради проблемите со дишните патишта, но и поради изгледот, старлетата на крајот на 2012 година го оперирала носот во Загреб. Се зборува и дека ги средила образите и капаците, но тоа сеуште не го потврдила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сораја во шок: Некој и ја уби мачката од 22.000 куни (видео)
-
На Сораја и го забранија влезот во Србија, а потоа и се губи секоја трага: Таа се огласи и еве кај се наоѓа!
-
Засолниште најде во приватен хотел: Сораја не смее во Белград, па се врати во Будва
-
Таа е опасност за безбедноста: Сораја не смее да влезе во Србија!