| четврток, 6 декември 2018 |

Слатки со марихуана на децата за Ноќ на вештерките

Масовно производство на слатки со марихуана е откриено во пресрет на Ноќта на вештерките во Колорадо.

Halloween-2013Полицијата во градот Денвер пуштила видео со предупредување. Во видеото, сопственик на продавница за трговија со производи од канабис, раскажува како производители на кондиторски производи во своите производи ставаат  масло од растението од кое се добива лесната дрога. Властите во главниот град на државата ги повикуваат родителите да гледаат што носат нивните деца откако ќе ги обиколат куќите ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември. Ако родителите се сомневаат дека во собраните слатки има опојни супстанци, да ја одземат храната од своите деца, повикуваат авторите на видеото.

imagesКолорадо е првата американска држава во која е легализирана марихуаната. Секој жител на државата што наполнил 21 години има право да чува 28,33 грама од лесната дрога или да одгледува шест растенија. До легализацијата дојде откако на референдум одржан заедно со претседателските избори, на кои победи Барак Обама, на 6 ноември 2012 година, жителите на државата се изјаснија за легализација на марихуаната. Поседувањето канабис беше легализирана пред две години преку референдуми и во државите Вашингтон и Масачусетс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top