Во тек е снимањето на краткиот игран филм „Карма“ во режија и по сценарио на Владимир Митревски, соопштија од продуцентската куќа „Круг филм“.
Филмот „Карма“е кратка приказна за неколку човечки судбини кои меѓусебно се преплетуваат. Централна фигура е Боби (Димитрија Доксевски) млад човек и татко, чие дете боледува од тешка болест. Неговата цел е по секоја цена да обезбеди средства со цел да го спаси својот син и поради тоа прифаќа да учествува во грабеж на банка, воден од неговите пријатели Мичо (Милан Тоциновски) и Бугар (Аксел Мехмед), сметајќи дека тоа е единствениот начин.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија. Копродуценти на филмот се Факултетот за драмски уметности од Скопје и „Ливинг пикчерс“ (Living Pictures) од Белград.
Директор на фотографија е Наум Доксевски, продуцент е Дејан Крајчевски. Актерската екипа ја сочинуваат Димитрија Доксевски, Милан Тоциновски, Аксел Мехмед, Симона Спировска, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Ненад Нацев, Владимир Петровиќ, Симон Манасковски, Калин Крајчевски и Владимир Митревски.
Снимањето на филмот треба да заврши утре, на 21 октомври, а се снима на повеќе локации во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура