| четврток, 6 декември 2018 |

Иранска новинарка обвинета за шпионажа загина во Турција

Иранската новинарка од либанско потекло Серена Шим, загина во сообраќајна несреќа во градот Суруч во југоисточниот турски округ Шанљурфа, објави весникот „Радикал“.

Шим, која имала и американско државјанство, работеше за иранската телевизија на англиски јазик Прес ТВ, како репортер од реонот на турско-сириската граница, вклучително и од градот Кобане, каде се водат борби меѓу припадници на групацијата Исламска држава и силите на сириските Курди.

Несреќата се случила во саботата, само еден ден откако турската разузнавачка служба МИТ ја обвини Шим дека е странски агент. Ваквите обвинувања против Шим за шпионажа уследија откако таа во еден извештај тврдеше дека со хумнанитарните конвои кои заминуват од Турција за Сирија се превезуваат и странски борци, нагласувајќи дека за тоа има и снимен видео метеријал.

Шим обвини и дека турските власти попречуваат некои новинари да снимаат прилози во пограничните региони, како и дека Анкара ја обвинува оти работи во интерес на опозицијата во Турција.

Телевизијата Прес ТВ оцени дека Шим го загубила животот во „сомнителна несреќа“, нагласувајќи дека нивната новинарка добивала закани од турското разузнавање.

Несреќата се случила, кога автомобилот со кој патувала Шим заедно со фоторепортерката Џуди Ајриш се судрила со камион-мешалка за бетон. При несреќата Ајриш е поврден и е сместена во болница во Суруч, додека возачот на камионот е проведен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top