Постапката за екстрадиција на Алил Демири и на Африм Исмаиловиќ е во тек, но и покрај исчекувањето на правосудните органи и големиот интерес на јавноста тие да бидат испорачани во земјава, постои можност убијците од Железарското Езеро подолго време да останат зад решетки во Kосово. Од МВР стравуваат дека може да се повтори случајот со скопјанецот Алмир Дрпљанин (33), кој е осуден на доживотен затвор за убиството на еден припадник на полициските „алфи“ во 2008 година, но и за учество во грабеж на возило на Kомерцијална банка, во кој загина обезбедувачот Марјан Бабиќ во 2007 година. Тој бил уапсен во јули лани во Kосово, но с` уште не е испорачан во земјава.
Процедурата за неговата екстрадиција заглавила бидејќи при неговото апсење во стан во Урошевац било пронајдено поголемо количество оружје. Kосовската полиција с` уште истражува како двата „калашникова“ со 300 куршуми, снајперска пушка со 36 куршуми, три пиштоли со 150 куршуми и седум рачни гранати завршиле во рацете на Дрпљанин. Слична е состојбата со Исмаиловиќ и Дрпљанин, кај кои полицијата исто така пронашла оружје, па постои можност поради тоа косовските власти да ја одолжуваат екстрадициската постапка. По апсењето на Дрпљанин се појавија шпекулации дека МВР ја истражува неговата евентуална замешаност во петкратното убиство кај Смилковци, но нема официјални потврди за тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Децата беа легнати на стомак и сретнавме маж со пушка: Сведок од Смилковско Eзеро се онесвести!
-
„Заев е поголем монструм од убијците“ – таткото Наќески за маскарот кај Смилковското Езеро (видео)
-
Љубчо Георгиевски за случајот „Смилковско езеро“: СДСМ повторно се има фатено во оро со ѓаволот
-
Врховен суд ја одложи седницата за „Смилковско Езеро“