| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите во обид за киднапирање во Турција

Kurdish-Islamic State conflict KobaneЏихадистите од Исламската држава се обиделе да киднапираат командант на сириските бунтовници во Турција, што наведува дека ИД слободно дејствува во земја-членка на НАТО, пишува британскиот весник „Дејли телеграф“.  Абу Иса, лидер на сириската група „Суар Рака“, минатата недела се здобил со прострелни рани при напад од заседа поставена од борци на ИД во турскиот град Урфа.

Групацијата на Абу Иса се бори со исламистичките екстремисти во сирискиот град Кобане, близу турската граница.

Ова, пак, го отвори прашањето за подготвеноста на Турција да ги спречи џихадистите кои дејствуваат на нејзина териоторија и иако Анкара ги зајакна мерките за безбедност за да го прекине протокот на странски борци-џихадисти преку долгата граница со Сирија. Според близок соработник на Абу Иса, тој и неговиот син биле извлечени од автомобилот со кој патувале откако борците од ИД со возило им го попречиле патот. Напаѓачите ги одвеле Абу Иса и неговиот син до границата и планирале да ги префрлат во Сирија.

Зајакнатото присуство на турските војници во областа, сепак, го отежнало преминувањето на границата и обидот за киднапирање пропаднал откако еден од соработниците на џихадистите се откажал од планот и ранетиот Абу Иса го одвел во болница во Урфа.

Турската полиција ги уапси напаѓачите и советникот на Абу Иса, кој управувал со возилото за време на заседата и бил дел од заговорот. Но тие, пишува „Дејли мејл“, се една од неколкуте групи, за кои се тврди дека дејствуваат отворено во Урфа и во другите турски градови долж границата со Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top