По 18 години од грчката премиера, филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски повторно ќе биде прикажан во Грција – на 22 октомври, како дел од циклусот проекции насловен „Филмови од дневници“, организиран од Друштвото за општествени движења и култура „Коино топија“.
Две проекции на „Пред дождот“ ќе бидат проследени со дискусии со гледачите, кои ќе бидат водени од Панагиотис Каронис, уметник и автор, и авторот Константинос Куриакопулос.
„Пред дождот“ е прв македонски филм што воопшто се прикажувал во кино во Грција. Кинопремиерата беше на 8 март 1996 година во Атина.
Годинава, кога се навршуваат 20 години од светската премиера на „Пред дождот“, филмот беше прикажан на повеќе фестивали и универзитети, меѓу кои престижниот Универзитет „Кембриџ“, Универзитетот „Браун“ во САД, Музејот на човекови права „Меркосур“ во Бразил. Во почетокот на месецов играше на филмскиот фестивал „Летс СИИ“ во Виена, како најдобар филм од Македонија на програмата „25 – Ретроспектива“ во која беа прикажани најдобрите снимени филмови по падот на Железната завеса од 25 централноевропски и источноевропски држави.
„Пред дождот“ е прикажан на над 150 меѓународни филмски фестивали низ светот, и е во комерцијална кино и ТВ-дистрибуција во повеќе од 50 земји. Филмот е добитник на 30 меѓународни награди, меѓу кои се „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Почна снимањето на новиот филм на Манчевски: „Врба” е љубовен филм за денешни и дамнешни души (видео)
-
По пауза од девет години Милчо Манчевски снима во Македонија (видео)
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа