Пилотите од авионот „ербас 320“ останале вчудовидени кога покрај нив прелетал човек без падобран на височина од еден километар. Летачкиот човек им се приближил на само стотина метри додека авионот слетувал на аеродромот во Манчестер.
– Екипажот успеа да го види за момент и немаше време за маневар за избегнување, а нивните претпоставки се темелат на тоа дека станува збор за падобранец. Но, никој од нив не се сеќава дека видел падобран, велат од комисијата што се занимава со случаи на блиски средби во воздухот.
Инцидентот се случил на 13 октомври, а во официјалниот извештај се наведува дека е „несреќно и фрустрирачки“ тоа што никако не може да се потврди глетката на пилотите при приближувањето на аеродромот во Манчестер. Нема податоци за скокови со падобран во близина на аеродромот тој ден, нема информации ниту за балони или за летови со помош на таканаречени летачки костими (wingsuit).
– Тоа е вистинска мистерија – вели воздухопловниот експерт Крис Јетс.
Каква и да е мистеријата, летачкиот човек веќе е наречен Супермен од Маклесфилд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


