| четврток, 6 декември 2018 |

Пилотите во шок – покрај авионот им прелетал човек!

1413618630651_wps_1_Gary_Connery_the_man_who_Пилотите од авионот „ербас 320“ останале вчудовидени кога покрај нив прелетал човек без падобран на височина од еден километар. Летачкиот човек им се приближил на само стотина метри додека авионот слетувал на аеродромот во Манчестер.

– Екипажот успеа да го види за момент и немаше време за маневар за избегнување, а нивните претпоставки се темелат на тоа дека станува збор за падобранец. Но, никој од нив не се сеќава дека видел падобран, велат од комисијата што се занимава со случаи на блиски средби во воздухот.

Инцидентот се случил на 13 октомври, а во официјалниот извештај се наведува дека е „несреќно и фрустрирачки“ тоа што никако не може да се потврди глетката на пилотите при приближувањето на аеродромот во Манчестер. Нема податоци за скокови со падобран во близина на аеродромот тој ден, нема информации ниту за балони или за летови со помош на таканаречени летачки костими (wingsuit).

– Тоа е вистинска мистерија – вели воздухопловниот експерт Крис Јетс.

Каква и да е мистеријата, летачкиот човек веќе е наречен Супермен од Маклесфилд.

1413622671112_wps_36_Film_Superman_Returns_200

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top