| четврток, 6 декември 2018 |

Понеделнички со сонце

esenПонеденик ќе почне со свежо утро и со можност за сосема краткотрајна ниска облачност и слаба магла во мал дел од котлините во југоисточниот крај и делови од Повардарие. Но, денот ќе биде претежно сончев и релативно топол.

Според метеопро.мк, дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 22 Целзиусови степена во северната половина на земјата. Во котлините од југозападниот регион максималната температура ќе достигне до 22 Целзиусови степена, а во југоисточниот регион до 25 Целзиусови степени.

Во скопскиот регион се очекува претежно сончево време, со мали услови за краткотрајна претпладневна магла. Утрото ќе биде свежо. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност 22 Целзиусови степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top