Посетата на албанскиот премиер Еди Рама која стана неизвесна по инцидентот со знамето на голема Албанија во Белград е презакажана. Според српскиот весник „Блиц“, Рама доаѓа во Србија на 10 ноември. Во заедничко соопштение двајцата премиери, Рама и Александар Вучиќ се согласиле дека и понатаму има несогласувања за тоа како дошло до инцидентот на
стадионот во Белград, но нема да ја пропуштат можноста заеднички да работат на одржување на регионалната стабилност. Тие сметаат дека е време е да свртат нова страница во политичките и во економските односи меѓу Србија и Албанија.
Рама вчера на Твитер напиша дека „Србија ќе биде нормална држава само ако сфати дека Голема Албанија е нејзина ноќна мора а не наш проект“.
На тоа Вучиќ одговори: „Луѓето кои велат дека голема Албанија е наша ноќна мора се целосно во право. Но не е само наша ноќна мора, туку ноќна мора на Европа, на човештвото, а ние ќе направиме се што можеме за да ја спречиме. Се надеваме дека нормалните Албанци ќе ја сфатат оваа порака“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.