| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден земјотрес почуствуван во Oхридско

zemjotres11

Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 е почуствуван вечерва во 19:30 часот во охридското епицентрално подрачје. Ова е втор земјотрес што го потресе овој регион денеска.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека во 19:30 часот регистрира уште еден земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје, и е со епицентар на 110 км југозападно од Скопје. И овој земјотрес е почувствуван во Охрид и околината.

Земјотрес со интезитет од три до четири степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998 беше почуствуван и во 17:18 часот. Епицентарот на земјотресот беше исто тала во охридското подрачје односно 110 километри југозападно од Скопје.

Двата потреса беа краткотрајни и предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Нема информации за материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top