| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за несреќата на патот Тетово-Јажинце: Двајца загинати, четворица повредени кај Тетово

Две момчиња ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево околу 14 часот и 30 минути на регионалниот патен правец Тетово-Јажинце кај Теарце информираат од тетовската полиција.

21 годишно момче било од Лешок, а 16 годишниот од Јагуновце, во сообраќајната несреќа учествувале три возила „БМВ“, „Крајслер“ и „Опел Вектра“.

Двете загинати момчиња биле сопатници во БМВ-то што го управувал 24 годишен жител на тетовското село Лешок кој се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната помош во тетовската клиничка болница бил упатен на една од скопските клиники.

Во сообраќајката се повреди се здобил и 43 годишен возач на Крајслерот и двајцата 23 годишни сопатници од ова возило, сите од Мала Речица како и 20 годишниот возач на Вектрата инаку жител на тетовското село Пршовце.

Четворицата повредени по укажаната лекарска помош биле задржани на лекување во тетовската болница.

Увид на лице место за страотната сообраќајка извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, се работи на утврдување на причините околу тоа како дошло то трагедијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top