| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес почувствуван во цела Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево, во 17 часот и 18 минути, регистрира земјотрес кој потекнува од охридското епицентрално подрачје чиј  епицентар се наоѓа на 110 км југозападно од Скопје.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top