| четврток, 6 декември 2018 |

Поставен камен темелник на црква во гостиварската населба Циглана

DIGITAL CAMERA

На голем црквено-народен собир во гостиварската населба Циглана, во Гостивар денеска беше поставен камен- темелник на новата манастирската црква „Преображение Христово“.

Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф.

– Ова беше дамнешна желба. Радосни сме што конечно почна реазлизацијата. За две-три години ќе ја осветиме манастирската црква и во неа ќе почнат да се одржуваат богослужби. Оваа црква и манастирскиот комплекс ќе се градат со доброволни прилози. Засега ја добиваме поддршката, што ни влева надеж дека ќе успееме во нашите цели – вели Даниел Радески, од иницијативниот одбор.

Според проектот новиот храм ќе има должина 15 метри, широчина 12, а височината 10 метри и ќе има доволно простор да ги собере верниците од населбата. Црквата е дел од манастариски комплекс кој би требало да биде изграден за пет до шест години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top