| четврток, 6 декември 2018 |

И Франција против Романија и Бугарија во Шенген

лажни азилантиФранција се приклучи на земјите кои се против приклучувањето на Романија и Бугарија кон Шенген зоната, објави романскиот весник „Романија либера“. Весникот, пишува дека нема да биде постигнато решение по ова прашање на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ, што се одржува денеска и утре во Брисел. Франција, исто како Германија и Холандија, е против определување на рок за пристапување на Романија и Бугарија кон Шенген зоната, објави австрискиот весник „Остерајх“. Трите држави се незадоволни од борбата против корупцијата во Романија и Бугарија. Според весникот Австрија не е против приклучувањето на двете земји во Шенген, но се залага за постепено пристап. „Романија либера“ нагласува дека и Финска објави дека ќе го блокира пристапувањето на Романија и Бугарија кон Шенген зоната пради проблеми со корупцијата во овие земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top