| четврток, 6 декември 2018 |

Групна венчавка во Велес

Во организација на Повардарската епархија, синоќа во Соборниот храм „Свети великомаченик Пантелејон“ во Велес се одржа седмата групна венчавка.

За венчавката се пријавиле седум брачни пара, а дошле и се венчале пет.

-Целта на оваа венчавка е оние брачни парови кои поради низа причини пред многу години кога се земале не се венчале во црква, туку само во матично, сега  да го извршат и овој свет чин, истакна свештеникот Мики Миовски, додавајќи дека Повардарската епархија тоа им го овозможува бесплатно и дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години.

Групната венчавка ја изврши Миовски, заедно со уште тројца свештеници од епархијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top