Во манастирскиот комплекс „Свети Георгиј“ во Ораовица вчера беа ванчани 22 брачни двојки, повеќето над 50-годишна возраст од Радовишко.
Чинот на групно венчавање го водеше митрополитот брегалнички г. Иларион, кој претходно отслужи света архиерејска богослужба.
Во овој комплекс беше осветен и новиот манастирски конак, чиј ктитор е Николајчо Николов, а средствата за изградбата ги обезбедија Општина Радовиш и други донатори.
Со доградбата на манастирскиот конак заврши големиот градежен проект во кој од 2012 до 2015 година беа изградени и осветени манастирска црква, камбанарија и манастирски конак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст