Времето за раѓање на деца на модната креаторка и ТВ лице Никол Ричи можеби заврши, но деновите кога ќе прави музика штотуку доаѓаат.
Никол во неодамнешното интервју откри дека таа и нејзиниот сопруг Џоел Маден не планираат да имаат трето дете.
– Доколку тоа се случи, во ред. Секако дека би била мошне среќна, но не планирам трето дете. Моментално сум задоволна со тоа што го имам, рече Никол.
Никол и Џоел се родители на две деца, шестогодишната Харлоу и петгодишниот Спароу. Тоа што во моментов ја интересира Никол е музиката. Таа свири на клавир и пее уште од мала, но се уште не е сигурна дали тоа е нешто со кое професионално би се занимавала.
Нејзиниот татко Лајонел Ричи ја научил да свири на клавир.
– Тоа е нешто многу интимно за мене. Доколку се случи да се остварам во музиката ќе бидам мошне среќна, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


