| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица со телесни повреди од синоќешната сообраќајна несреќа (фото)

Околу еден часот по полноќ автомобил „ауди -А3“ со голема брзина удрил во бандера на булеварот Јане Сандански во населба Аеродром во близина на трговскиот центар Скопјанка.

– Во сообраќајката кај трговскиот центар Скопјанка учествувале две возила, ауди и голф, а тројцата патници од смачканиот автомобилот ауди А-3 кој се заби во метална бандера поминале само со телесни повреди. Повредени се возачот на аудито и уште едно момче, како и една девојка. На голфот е причинета само материјална штета – велат од МВР.

Тешката сообраќајна несреќа според неофицијални информации е резултат на трка во која учествувале два автомобили.

10610517_1550822115133037_5939237646927434839_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top