| четврток, 6 декември 2018 |

Ванчо Димовски: Кил вечерва напиша докторат по ракомет

Германскиот гигант Кил одигра совршен меч во салата „Борис Трајковски“, со рекордни сезонава 42 гола го растури Металург, а признание за феноменалниот настап, пристигна и од домашниот табор.

„Кој разбира ракомет, знае дека Кил вечерва напиша докторат по ракомет. Им честитам на гостите на совршената игра. Веројатно и на публиката и беше уживање да ја гледа нивната претстава. Ние мора да се консолидираме и да се подготвиме подобро за клучните 4 натпревари што следат во Лигата на шампионите“, изјави пивотот на Металург, Ванчо Димовски.

Ракометарите на Кил приредија вистински ракометен фестивал и победија убедливо со 42-27, поставувајќи рекорд по бројот на постигнати голови во овој циклус од ЛШ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top