Управата за заштита на културното наследство почна со работа на отоманскиот објект, на отоманската кула која е поврзана со византискиот дел, a ќе се создаде и простор за музеј на отоманскиот период.
– Обновата на објектите на археолошкиот локалитет Kале во Скопје почна иако се одвива забавено. Почната е конзервација, реставрација и реконструкција на трите објекти каде што ќе бидат сместени музеите на праисторискиот, средновековниот и на отоманскиот период. Според предвидениот план, ревитализираниот комплекс треба да биде готов до крајот на годинава иако рокот може да биде пробиен – вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, институција која го координира проектот.
– Почната е работата на отоманскиот објект, на отоманската кула која е споена со византискиот дел. Ќе создадеме простор за музеј на отоманскиот период. Договоривме да се направи и еден мевџит, но без верски обележја. Нема да има минаре, а на црквата која треба да продолжи да се работи нема да има крст – вели Kузман.
Реконструкцијата на скопското Kале почна пред две години со поставувањето на темелите за црквата. Според Kузман, Kалето како археолошки локалитет треба да биде обезбеден поради своите културно-историски вредности.
На локалитетот е предвидено да има продавници, едукативни центри, места за собирање, продавничиња, работилници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив