| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен обидот на ИД за заземање на Кобане

Курдските сили во сирискиот град Кобане денеска спречија нов обид на екстремстите од Исламска држава да го заземат градот.

kurdi kobane

– Во текот на ноќта коалицијата предводена од САД изврши пет напади врз позициите на ИД во Кобане, изјави курдскиот претставник Идриз Насен.

Во меѓувреме, американската армија соопшти дека и покрај охрабрувачките знаци, нападите можеби нема да го спречат заземање на Кобане од страна на ИД, додавајќи дека нејзин приоритет е борбата против исламистите во Ирак.

Припадниците на ИД ја гранатираа сириската страна од граничниот премин со Турција, која е единствена рута за снабдување на курдските борци, но и еднинствен пат за бегството на цивилите од Кобане.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека џихадистите испртатила поголем број војници во Кобане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top