| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички убедлив против Ренова, Пелистер и Турново одиграа без голови

Во премиерните натпревари од 11. коло во Првата Македонска фудбалска лига се сретнаа екипите на Работнички и Ренова, и Пелистер и Турново.
На арената „Филип Втори“ во Скопје актуелниот шампион Работнички до декласираше тимот на Ренова со 3-0.
Во ниту еден момент од мечот победникот не беше доведен во знак прашање бидејќи во текот на сите 90 минути „романтичарите“ беа понадмоќни и создадоа неколку солидни шанси за гол за реализираа три. Резултатот беше отворен рано уште во четвртата минута откако Алтипармаковски по една соло акција успеа да го матира гостинскиот голман Мустафи. до крајот на првиот дел Алтипармаковски и Стојков не успеаја да го матираат уште еднаш голманот на Ренова.
Во вториот дел единствената шанса за гостите беше ударот на Реџепи во 58 минута откако со удар од 25 метри ја погоди пречката на голот на Шишковски. За да не дојде до изненадување се погрижи Стојков во 62 минута по една одлична акција на целиот тим на Работнички. Конечниот резултат го постигна Чурлинов во 84 минута по еден одлично изведен контранапад.

Пелистер и Турново одиграа 0-0 на стадионот во Битола во еден натпревар кој треба брзо да се заборави бидејќи двата тима немаа свој ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top