Синоќа се одиграа шест натпревари од Евролигата во кошарка со што се комплетираше првото коло.
По неколку годишна апстиненција од најелитното еврпоско натпреварување Алба Берлин се врати на кошаркската мапа. Македонскиот репрезентативец и капитен на националниот состав Војдан Стојановски не настапи за својата екипа против ЦСКА Москва во Берлин поради повреда на задната ложа која ја влече уште од пријателскиот натпревар против Сан Антонио.
Алба беше совладана на домашен паркет со 68-84 и грчевито ќе се бори во групата Б за влез во следната рунда каде се уште и екипите на Макаби, Уникаха, Лимож и Цедевита. Незапирливи во составот на ЦСКА беа Теодосиќ и Вимс со по 15 поени додека кај домаќинот најефикасен беше Рединг со 11 коша.
Во Барселона истоимената домашна екипа потешко од очекувањата оствари победа над Баерн Минхен од 83-81. Баерн се повеќе зазема место меѓу кошаркарската елита покрај онаа во фудбалот. Избранците на Светислав Пешиќ беа тврд орев за каталонците и не се предадоа се до последната минута. Дури пет играчи на гостите од Минхен постигнаа двоцифрен број поени. Нив ги предводеше Џедовиќ со 19 коша. Кај победниците лидер во поените беше Долман со 16, а уште се истакнаа и Олесон и Томиќ со 15 коша.
Останати резултати: Нижњи Новгород – Динамо Сасари 88-86, Реал Мадрид – Жалгирис 80-71, Патаненаикос – Туров 84-77, Фенербахче – Армани 77-74.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.