Нормална Србија ќе стане реалност, само доколку таа сфати дека „Голема Албанија“ е нејзин кошмар, а не наш проект, напиша денеска на „Твитер“ албанскиот премиер Еди Рама.
Претходно денеска, албанскиот вицепремиер Нико Пелеши изјави дека Рама сепак ќе ја оствари планираната посета на Белград на 22 октомври.
Непосредно пред посетата на албанскиот премиер се случи инцидент за време на фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, кој ги зголеми тензиите меѓу двете земји.
Српскиот премиер Александар Вучиќ ги осуди нападите врз објектите чии сопственици се Албанци, кои се случиле по инцидентот, но додаде дека се уште не одлучил дали ќе ја дозволи посетата на Рама следната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


