| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Турција сака хуманитарни безбедносни зони во северниот дел на Сирија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Анкара сака да бидат создадени безбедносни зони во северниот дел на Сирија, но строго со хуманитарен карактер, со цел да се заштитат бегалците.

– Безбедносните зони можат да бидат создадени во реони каде има значителен проток на бегалци, тоа ќе бидат хуманитарни безбедносни зони, а не воени, истакна Давутоглу.

Тој како можни хуманитарни зони ги наведе сириските градови Јарабулус, Кобане, Тал Абиад, Ибдил и Хасака.

Создавањето на безбедносните зони и забраната за прелети се едни од условите на Турција за нејзиното евентуално учество во меѓународната коалиција за борба против Исламска држава.

Давутоглу ја отфрли идејата за создавање на тампон зона на 900-километарската турско- сириска граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top