| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Нема договор за решавање на руско-украинскиот проблем со гасот

Не е постигнат никаков договор во Милано за решавање на руско-украинскиот проблем со гасот, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко по средбата со рускиот колега Владимир Путин, која се одржа вечерва зад затворени врати.

Тој сепак изрази надеж дека следната недела ќе се најде решение околу ова прашање.

– Не успеавме да постигнеме резултат околу прашањето за гасот, но се надеваме дека тоа ќе се случи до 21 октомври, за кога е закажана средба во Брисел меѓу претставници на Украина, Русија и Европската комисија, истакна Порошенко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top