| четврток, 6 декември 2018 |

Рама сепак ќе го посети Белград

Албанскиот премиер реши да го посети Белград и покрај инцидентите што доведоа до прекин на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во вторникот.

edi rama

Тоа ќе биде прва посета на албански премиер на Белград по 68 години.

– Рама потврди дека е решен да го посети Белград. Ставот на албанските власти е непроменет и покрај разочарувањето предизвикано од инцидентите и реакцијата на одговорните српски претставници. Посетата е во интерес на двете земји, но се разбира дека српската страна треба да го потврди ангажманот и волјата и да гарантира добар тек на средбата – изјави денеска албанскиот вицепремиер Нико Пелеши.

Портпаролот на албанското Министерство за надворешни работи Глеви Дервиши посочи дека Тирана е решена да не падне во стапицата на насилството и дека останува ангажирана да дејствува за мир, соработка и дијалог меѓу државите од регионот.

Планирано е Рама да го посети Белград на 22 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top