| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон: Британија нема да се распадне без ЕУ

Лондон го тресе дебатата околу планот на премиерот Дејвид Камерон за нов европски договор со кој би се редефинирале односите на Британија со Унијата. Противниците, како Лабуристот Ед Милибанд велат дека камерон ја турка Британија надвор од Европската Унија. Камерон пак смета дека како членка имаат право да бараат остварување на подобра позиција а за тоа ќе одлучат граѓаните на референдум.

Даунинг стрит 10 најави дека говорот околу идните британско-европски односи, што беше очекуван пред Божик, ќе биде оддржан на крајот на оваа недела, за време на работната посета на Камерон на Холандија. Пред претставници на холандскиот бизнис и пред европски дипломати Камерон се очекува да ја брани потребата од нов договор на Лондон со Брисел.

Во анализа британски „Гардијан“ се осврнува на повторениот став на  премиерот Дејвид Камерон за редефинирање на односите со ЕУ, по најавите за нов европски договор поттикнат од потребата за единствена европска валута. Тој нов договор, Камерон вети дека ќе го стави на референдум, што ја поттикна дебатата за евроскептицизмот и за опасноста Британија да ја напушти ЕУ.

„Бри­та­ни­ја не­ма да про­пад­не ако е при­си­ле­на да ја на­пу­шти ЕУ“, го пре­не­су­ва бри­тан­ски „Гар­ди­јан“ мис­ле­ње­то на пре­ми­е­рот Деј­вид Ка­ме­рон, кој не­ги­ра де­ка стра­те­ги­ја­та со ко­ја ба­ра да се пре­ис­пи­та од­но­сот со ЕУ е опас­на или ри­зич­на. Тој пре­ку бри­тан­ски­те ме­ди­у­ми ги по­вто­ри сво­и­те ве­ру­ва­ња де­ка е во на­ци­о­на­лен ин­те­рес Бри­та­ни­ја да оста­не во Уни­ја­та, до­да­вај­ќи де­ка е убе­ден и оп­ти­мист де­ка мо­же да обез­бе­ди ус­пеш­ни но­ви пре­го­во­ри за ре­ла­ци­ја на Бри­та­ни­ја со дру­ги­от дел на Евро­па, кои мо­же да ги ста­ви пред гра­ѓа­ни­те.

Пла­шеј­ќи се де­ка не­го­ви­от став мо­же да би­де истис­нат во де­ба­та­та, Ка­ме­рон по­втор­но пре­ку ин­терв­ју­ја наг­ла­си зо­што е оп­ти­мист де­ка не­го­ва­та стра­те­ги­ја мо­же да до­ве­де до по­ко­мо­тен од­нос ме­ѓу Бри­та­ни­ја и ЕУ. Се­пак, не ве­ру­ва де­ка ре­фе­рен­дум за но­ви­те ус­ло­ви е мо­жен на­ско­ро би­деј­ќи, ка­ко што ве­ли,  итен ре­фе­рен­дум би прет­ста­ву­вал ла­жен из­бор.

Милибанд: Камерон ќе ја изнесе Британија од ЕУ

Милибанд: Камерон ќе ја изнесе Британија од ЕУ

„Ка­ме­рон е под сѐ по­го­лем при­ти­сок по­ра­ди не­го­ва­та стра­те­ги­ја, ка­ко што ста­ну­ва сѐ по­јас­но де­ка со го­во­рот со кој ќе на­ста­пи след­на­та не­де­ла пред европ­ски­те парт­не­ри мо­же да пре­диз­ви­ка ан­та­го­ни­зам кај нив, но и де­ка со го­во­рот ќе ги оста­ви раз­о­ча­ра­ни бри­тан­ски­те евро­скеп­ти­ци“, пи­шу­ва „Гар­ди­јан“.

Пред не­кол­ку де­на од Даб­лин европ­ски­те ли­де­ри ја наг­ла­си­ја важ­но­ста Бри­та­ни­ја да оста­не во Уни­ја­та, но и де­ка се про­тив из­ме­ни­те на до­го­во­рот, кои ги ба­ра Ка­ме­рон. „Бри­та­ни­ја е ва­жен дел од ЕУ“, по­со­чи ир­ска­та пре­ми­ер­ка Ен­да Ке­ни на по­че­то­кот на ир­ско­то пре­тсе­да­телс­тву­ва­ње со Уни­ја­та. Пре­тсе­да­те­лот на ЕУ Хер­ман ван Ром­пуј по­со­чи и на важ­но­ста Бри­та­ни­ја да оста­не пол­но­пра­вен и акти­вен член, но и на важ­но­ста на Уни­ја­та за бри­тан­ска­та еко­но­ми­ја и за де­лов­на­та за­ед­ни­ца.

Ка­ме­нон, се­пак, не от­ста­пу­ва од под­го­тве­ни­от го­вор, по­твр­ду­ва бри­тан­ски­от ја­вен сер­вис. Отфр­лу­ва ка­кво би­ло сце­на­рио во кое не би мо­жел да ги за­чу­ва при­до­би­вки­те од ЕУ за бри­тан­ски­от на­род.

Ка­ко што пре­не­су­ва „Гар­ди­јан“, Ка­ме­рон оче­ку­ва под­др­шка од Гер­ма­ни­ја и од Хо­лан­ди­ја за ре­ви­зи­ја на до­го­во­рот со ЕУ што би во­де­ла кон тоа мо­ќта да се вра­ти на на­ци­о­нал­ни­те др­жа­ви. Бри­тан­ски­от пре­ми­ер сме­та де­ка Гер­ма­ни­ја ќе ба­ра из­ме­ни на европ­ски­от до­го­вор кон единс­тве­на ва­лу­та, со што и на Бри­та­ни­ја ѝ оста­ва про­стор за пре­го­во­ри. „Во са­мо две го­ди­ни се слу­чи­ја три из­ме­ни на до­го­во­рот“, пре­не­су­ва „Гар­ди­јан“ во ана­ли­за­та на дел од из­ја­ви­те на Ка­ме­рон.

„Не се сог­ла­су­вам со ста­во­ви­те де­ка оваа стра­те­ги­ја е опас­на би­деј­ќи факт е де­ка де­ба­та­та, се­ка­ко, се во­ди, а ние или ќе ја во­ди­ме оваа де­ба­та за да ос­тва­ри­ме про­ме­ни што се до­бри за Бри­та­ни­ја, или ќе ја скри­е­ме гла­ва­та в пе­сок и ќе се на­де­ва­ме де­ка це­ла­та ра­бо­та ќе за­мре. Таа не­ма да за­мре“, ве­ли Ка­ме­рон за вес­ни­кот „Гар­ди­јан“.

Бри­та­ни­ја, се­ка­ко, има пра­во на ве­то на до­го­во­рот за единс­тве­на ва­лу­та до­кол­ку не ѝ се за­до­во­лат ба­ра­ња­та. За Ка­ме­рон ова не е уце­на, нас­про­ти об­ви­ну­ва­ње­то од гер­ман­ски по­ли­ти­ча­ри бли­ски до Мер­кел. „Не е уце­на. Бри­та­ни­ја има пра­во да ка­же де­ка е член­ка на клу­бот, пла­ќа огром­ни сме­тки и ве­ру­ва де­ка ЕУ мо­ра да се сме­ни. Бри­та­ни­ја не­ма да се рас­пад­не ако ја на­пу­шти ЕУ, но тоа не е цел­та“, ве­ли Ка­ме­рон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top