Даунинг стрит 10 најави дека говорот околу идните британско-европски односи, што беше очекуван пред Божик, ќе биде оддржан на крајот на оваа недела, за време на работната посета на Камерон на Холандија. Пред претставници на холандскиот бизнис и пред европски дипломати Камерон се очекува да ја брани потребата од нов договор на Лондон со Брисел.
Во анализа британски „Гардијан“ се осврнува на повторениот став на премиерот Дејвид Камерон за редефинирање на односите со ЕУ, по најавите за нов европски договор поттикнат од потребата за единствена европска валута. Тој нов договор, Камерон вети дека ќе го стави на референдум, што ја поттикна дебатата за евроскептицизмот и за опасноста Британија да ја напушти ЕУ.
„Британија нема да пропадне ако е присилена да ја напушти ЕУ“, го пренесува британски „Гардијан“ мислењето на премиерот Дејвид Камерон, кој негира дека стратегијата со која бара да се преиспита односот со ЕУ е опасна или ризична. Тој преку британските медиуми ги повтори своите верувања дека е во национален интерес Британија да остане во Унијата, додавајќи дека е убеден и оптимист дека може да обезбеди успешни нови преговори за релација на Британија со другиот дел на Европа, кои може да ги стави пред граѓаните.
Плашејќи се дека неговиот став може да биде истиснат во дебатата, Камерон повторно преку интервјуја нагласи зошто е оптимист дека неговата стратегија може да доведе до покомотен однос меѓу Британија и ЕУ. Сепак, не верува дека референдум за новите услови е можен наскоро бидејќи, како што вели, итен референдум би претставувал лажен избор.
„Камерон е под сѐ поголем притисок поради неговата стратегија, како што станува сѐ појасно дека со говорот со кој ќе настапи следната недела пред европските партнери може да предизвика антагонизам кај нив, но и дека со говорот ќе ги остави разочарани британските евроскептици“, пишува „Гардијан“.
Пред неколку дена од Даблин европските лидери ја нагласија важноста Британија да остане во Унијата, но и дека се против измените на договорот, кои ги бара Камерон. „Британија е важен дел од ЕУ“, посочи ирската премиерка Енда Кени на почетокот на ирското претседателствување со Унијата. Претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј посочи и на важноста Британија да остане полноправен и активен член, но и на важноста на Унијата за британската економија и за деловната заедница.
Каменон, сепак, не отстапува од подготвениот говор, потврдува британскиот јавен сервис. Отфрлува какво било сценарио во кое не би можел да ги зачува придобивките од ЕУ за британскиот народ.
Како што пренесува „Гардијан“, Камерон очекува поддршка од Германија и од Холандија за ревизија на договорот со ЕУ што би водела кон тоа моќта да се врати на националните држави. Британскиот премиер смета дека Германија ќе бара измени на европскиот договор кон единствена валута, со што и на Британија ѝ остава простор за преговори. „Во само две години се случија три измени на договорот“, пренесува „Гардијан“ во анализата на дел од изјавите на Камерон.
„Не се согласувам со ставовите дека оваа стратегија е опасна бидејќи факт е дека дебатата, секако, се води, а ние или ќе ја водиме оваа дебата за да оствариме промени што се добри за Британија, или ќе ја скриеме главата в песок и ќе се надеваме дека целата работа ќе замре. Таа нема да замре“, вели Камерон за весникот „Гардијан“.
Британија, секако, има право на вето на договорот за единствена валута доколку не ѝ се задоволат барањата. За Камерон ова не е уцена, наспроти обвинувањето од германски политичари блиски до Меркел. „Не е уцена. Британија има право да каже дека е членка на клубот, плаќа огромни сметки и верува дека ЕУ мора да се смени. Британија нема да се распадне ако ја напушти ЕУ, но тоа не е целта“, вели Камерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст