Листа од десетте најбогати модни дизајнерки
1. Донатела Версаче – 200 милиони долари
Сестрата на Џани Версаче е родена во 1955 година. Првата желба ѝ била да работи како лице за односи со јавност. Денес е потпретседател на „Версаче груп“.
2. Вивиен Вествуд – 185 милиони долари
Родена е во 1941 година во Англија. Ја почнала кариерата кога нејзиниот поранешен сопруг станува менаџер на панк-групата „Секс пистолс“ и таа почнува да прави облека за нив.
3. Кејт Спejд – 150 милиони долари
Кејт е родена во 1962 година во Мисури. Завршила новинарство на Универзитетот во Аризона. Ја лансира својата марка чанти во 1993 година.
4. Каролина Херера – 100 милиони долари
Таа е дизајнерка од Венецуела. Од 2008 година досега има добиено безброј награди за мода. Била на насловната на „Вог“ седум пати. Ја облекувала Жаклин Оназис Кенеди, а сега ја облекува и Мишел Обама.
5. Едит Флаг – 100 милиони долари
Таа е американска дизајнерка, родена во Романија во 1919 година. Нејзината компанија почнала да работи во 1956 година. Во 50-тите и во 60-тите години на минатиот век е една од најпознатите дизајнери на облека во САД. Во 2000 година се повлекува од компанијата.
6. Мишел Моне – 60 милиони долари
Таа е родена во Шкотска. Израсната е во сиромаштија во Глазгов. Станува модел, но успехот доаѓа кога прави сопствен дизајн за удобни градници. Набргу потоа се раѓа нејзината компанија „МЈМ интернејшнал“.
7. Лизи Ровзек – 25 милиони долари
Елизабет Ен Арнолд Розек, позната како Лизи Ровзек, е родена во Кентаки во 1980 година. Била Мис тин на Кентаки во 1998 година, мис тин на САД во 1998 година и мис на САД во 2002 година. Завршила дизајн на Универзитетот во Кентаки. Ја почнува својата кариера како дизајнер на ентериер, но подоцна лансира линија костими за капење – сан китен. Учествувала во The Real Housewives of Orange County.
8. Џорџина Чапмен – 20 милиони долари
Родена е во 1976 година во Лондон. Завршила на школата за уметност „Вимблдон“, специјалност моден дизајн. Во 2004 година лансира своја марка „марчеса“. Во декември 2012 година станува член на жирито во ТВ-преносот „Проект Писта: сите ѕвезди“.
9. Лана Фус – 10 милиони долари
Родена е во Русија, но израснала во Бруклин. Се преселува заедно со своето семејство во Лас Вегас и почнува да се занимава со накит и додатоци. Нејзините модели го привлекуваат вниманието на некои ѕвезди. Прва колекција лансира во 2004 година и таа веднаш постигнува успех.
10. Хедер Томсон – 10 милиони долари
Американката е успешна модна дизајнерка. Таа е жената што стои зад модната марка „јами тами“ и верува дека ќе го надмине „спенкс“. Таа работела со Паф Деди, Бјонсе и со Џенифер Лопез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.