Д-р Маја Ивановска, педијатар од Универзитетската клиника за детски болести во Скопје има најмногу реализирани прегледи во период од една година, соопшти Министерството за здравтсво по податоците во националниот систем за закажување прегледи МојТермин .
Д-р Ивановска, во периодот од 1.10.2013 до 30.09.2014 година има реализирано 7,352 прегледи. Во истот тој период, докторката имала 299 работни денови (со вклучени дежурства и повици). Според реализираните прегледи, податоците покажуваат дека докторката просечно прегледувала по 24 пациенти на ден.
Втора на листата е д-р Андријана Јаневска-Трпковска, интернист од ПЗУ Интермед–Плус, која во истиот овој период прегледала 5,532 пациенти. Докторката имала 237 работни денови и просечно прегледувала по 24 пациенти на ден.
Во септември годинава, пак, најмногу реализирани прегледи – 570 има д-р Славица Вељановска, специјалист по радиотерапија при Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кај него и здрави би чекале ред: Тој е најпосакуваниот доктор на светот!
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор