
НАТО денеска соопшти дека нема видни знаци дека имало значајно повлекување на руските сили од границата со Украина и покрај тоа што беше објавено дека претседателот на Русија, Владимир Путин наредил нивно повлекување.
– Би го поздравиле повлекувањето на руските сили од границата со Украина, бидејќи тоа би бил чекор во вистински правец. Сепак, засега немаме видено големи и значајни поместувања – изјави официјален претставник на НАТО.
Тој истакна дека се уште постојат големи и моќни сили на украинската граница и тешката артилерија допрва треба да биде повлечена.
– Како што порачаа лидерите на Алијансата на Самитот во Велс, Русија мора да прекине со поддршката на екстремистите во источниот дел на Украина, да ги повлече своите сили и да ги запре воените активности долж и преку границата со Украина – нагласи претставникот на НАТО.
Кремљ во саботата соопшти дека Путин наредил повлекување на 17.600 војници, кои во текот на летото учествувале во воени вежби во руската Ростовска област, на границата со Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти
-
Се укинуваат автобуски линии, a војниците сами се снаоѓаат за превоз
-
Тројца војници од НАТО загинаа во Авганистан


