| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Ги знам сите подмолни игри на Стефанов

Малку е контрадикторно некој да дава изјава за мене и притоа да тврди дека не се заморува со мојот лик и дело. Јас во ниеден момент не споменав име на сликата што ја поставив, кој како се пронашол е уште еден доказ за моите зборови. Ова ќе биде мое последно обраќаење до г. Стефанов.

Denver Nuggets v Atlanta Hawks

Ова го изјави првиот македонски кошаркар што заиграл во НБА-лигата, Перо Антиќ, за македонскиот портал „Курир“ по неколкуте меѓусебни обвинувања.

– Мразам неправди, мразам лицемерие, мразам луѓе што забораваат кој кога и колку им помогнал во животот. Знаеш многу убаво за што зборам, а и јас знам за сите подмолни игри и сопки на мојата кариера од твоја страна. Не сум пресметан и не бирам зборови за да ја кажам вистината. Ова не е медиумска војна, ова е став на човек кој е долги години во спортот. Ти си го бираш начинот на кој си ја градиш твојата кариера според твојот карактер, жал ти е за децата на кој сум им идол. Е тоа е исфрустрирана изјава. Твоите навреди упатени на сметка на мојата кариера, фамилија и сѐ поврзано со мене се фрустрација – вели Антиќ за „Курир“.

Играчот на Атланта додава дека од него толку, не бил фин и немал пријатели новинари да му ги разубавуваат изјавите, зошто, како што вели, ја имал правдата на неговата страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top