| четврток, 6 декември 2018 |

Николиќ до Путин: Важна ни е вашата поддршка за да го зачуваме Косово

николиќ-путинСтана модерно пријателството да се мери со трговска размена. Ние на друг начин гледаме на пријателството. Србија денес нема непријатели. Но имаме помали и поголеми пријатели. Руската Федарација ја вбројуваме меѓу големите пријатели, со тоа размислуваме како што размислувале нашите предци. Ги учиме своите деца да размислуваат како што ние денес размислуваме. Сè нè врзува, не само заедничкото словенско потекло, јазик, вера, култура. Денес ни е важна вашата поддршка во зачувувањето на нашиот суверенитет, особено во врска со Косово. Србија во Русија гледа свој соработник, партнер и сојузник. И Србија нема да го загрози својот морал со какво било лошо однесување кон Русија. Ние немаме избор, не можеме на друг начин. Нашата економската соработка ја следи пријателството, изјави претседателот на Србија, Томислав Николиќ, на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top