Според набиената агенда директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино ќе има одделни средби и ќе биде примен од Претседателот на македонското собрание, Премиерот, Министерот за надворешни работи, како и со партиските лидери Црвенковски, Ахмети, но и средба во Здружението на новинарите на Македонија.
Од Санино, човек од доверба на еврокомесарот Филе, се очекува да се интересира за последните случувања во зејава но и да изнесе детали од извештајот за Македонија. Од кабинетот на Никола Попоски најавија дека Министерот подробно ќе ги образложи постигнатите реформи и дека ќе го запознае Санино со резултатите од последната посета на медијаторот Нимиц.
Од ЕК јасно тврдат дека земјава е подготвена за новата фаза „Земјите-членки на ЕУ во заклучоците на декемврискиот Европски совет јасно поставија јасен распоред и какви чекори се очекуваат од ПЈР Македонија, односно што да се стори за земјата да добие поволен извештај“, пренесе портпаролот Питер Стано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст