| четврток, 6 декември 2018 |

Санино денеска во Скопје

Првиот човек на Филе, Стефано Станино, се очекува од блиску со власта, со опозицијата но и со новинарите да слушне за актуелните состојби, но и за нивниот став околу упорноста на ЕК Македонија да почне преговори. Неизоставно ќе се интересира и за позитивната атмосфера со која од Скопје си замина медијаторот Нимиц

Според набиената агенда директорот на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија, Стефано Санино ќе има одделни средби и ќе биде примен од Претседателот на македонското собрание, Премиерот, Министерот за надворешни работи, како и со партиските лидери Црвенковски, Ахмети, но и средба во Здружението на новинарите на Македонија.

Од Санино, човек од доверба на еврокомесарот Филе, се очекува да се интересира за последните случувања во зејава но и да изнесе детали од извештајот за Македонија. Од кабинетот на Никола Попоски најавија дека Министерот подробно ќе ги образложи постигнатите реформи и дека ќе го запознае Санино со резултатите од последната посета на медијаторот Нимиц.

Од ЕК јасно тврдат дека земјава е подготвена за новата фаза „Земјите-членки на ЕУ во заклучоците на декемврискиот Европски совет јасно поставија јасен распоред и какви чекори се очекуваат од ПЈР Македонија, односно што да се стори за земјата да добие поволен извештај“, пренесе портпаролот Питер Стано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top