Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, во рамки на Сеопфатниот регионален министерски состанок, што се одржува во Будва, Црна Гора, вчера имаше обраќање посветено на идната можна соработка на земјите од САД-Јадранската повелба во мисиите на НАТО, по завршувањето на мисијата ИСАФ во Авганистан.
Присуството на македонските мировници во Авганистан во рамки на мисијата ИСАФ, нагласи Јолевски, претставува голем национален и регионален придонес во поддршка на авганистанските власти за изградба на демократско, безбедно и просперитетно општество.
– Досегашниот заеднички придонес во ИСАФ се покажа и докажа како вистински начин за унапредување на регионалната соработка, интензивирање на пријателството меѓу земјите во регионот и бенефит за сите учесници. Заедничкото учество во ИСАФ даде значаен придонес и кон заедничките обуки пред распоредувањето во Авганистан. Оваа практика беше многу корисна и би требало да продолжи преку организирање заеднички вежби кои ќе бидат од голема корист за сите земји – рече министерот за одбрана Јолески.
Во рамки на вчерашните состаноци беше потпишана и заедничка изјава на министрите од А-5 во која се истакнува силната поддршка за што поскоро членство на Република Македонија во НАТО, продолжување на соработката во сојузничките операции и мисии, унапредување на регионалната соработка на полето на справување со катастрофи и продолжување на работата во духот на концептот „Паметна одбрана“.
Министерот Јолевски во текот на вчерашниот ден оствари средби и со заменик- помошникот на секретарот за одбрана на САД, д-р Евелин Фаркаш, при што, како што соопшти денеска МО, биле разменети мислења за новата безбедносна закана која доаѓа од исток под името ИСИЛ, како и со директорот на Центарот за безбедносна соработка, RACVIAC, Бранимир Мандиќ, на која се разговараше за идните проекти на овој Центар и продолжување и интензивирање на соработката со Министерството за одбрана и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа
-
Захарова: НАТО му ветил на Горбачов дека нема да се шири кон исток