| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколадaтa жртва на еболата?

aaaaa

Веќе подолго време се зборува за можен недостиг од какао бидејќи во моментов побарувачката е поголема од понудата, а покрај тоа, како причинител се јавуваат и општествените предизвици, кои ја намалуваат можноста да се произведе какао со полн капацитет.
Сега меѓу предизвиците се најде и една болест – еболата, за која се стравува дека би можела да се прошири во повеќе држави во Западна Африка и да ги погоди најголемите извозници на какао, кои и така во последнава година ја покачуваа цената на вредното зрно.
Епидемијата значително ќе ја покачи цената на какаото доколку ги погоди работниците на полињата, велат аналитичарите. На некој начин тој процес и почна, оваа болест ги затвори границите на Брегот на Слоновата Коска со Либерија и со Гвинеја и со тоа им се оневозможи на работниците од тие земји да дојдат да работат на фармите со какао во екот на сезоната за собирање на плодовите.
Околу 70 проценти од светските резерви на чоколада доаѓаат од Западна Африка, а дури 55 проценти од глобалните извозници на какао се наоѓааат во ризичните подрачја како Брегот на Слоновата Коска и Гана.
Светската организација на какао сега собира донации од големите компании како што се „Нестле“ и „Марс“ за иницијативата „Ебола“, со која јавноста не е запознаена, но планот е да се откријат деталите во текот на годишниот состанок на Организацијата во Данска. Засега се знае дека средствата треба да им помогнат на Црвениот крст и на Каритас да работат на терен во спречување на ширењето на оваа опасна епидемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top