| четврток, 6 декември 2018 |

Египетските избори се одложени

Egyptian protestersАдминистративниот суд во Египет нареди да се откажат парламентарните избори, што требаше да почнат на 22 април. Судот го поништи указот на претседателот Мухамед Морси, со кој се закажаа изборите. Административниот суд одлучи и Уставниот суд да се изјасни за изборниот закон.

Парламентарните избори требаше да почнат на 22 април и етапно да се одржуваат во рок од два месеца. Опозицијата се изјасни против датумот на изборите со образложение дека земјата е поделена од антивладини протести и оти гласањето нема да помине мирно. Главната египетска опозициска коалиција Фронт за национален спас најави дека ќе ги бојкотира изборите бидејќи нема гаранции дека тие ќе бидат транспарентни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top