Кралот на поп-музиката Мајкл Џексон втора година по ред е на врвот на листата на списанието „Форбс“ за најпрофитабилни починати личности.
Во изминатата година Џексон, кој почина во 2009 година, им донел 140 милиони долари на наследниците – двојно повеќе од второрангираниот, кралот на рокот Елвис Присли, и над три пати повеќе од третиот на листата, карикатуристот Чарлс Шулц.
Не постои почината позната личност која поубедливо од Мајкл Џексон докажува дека има финансиски живот по смртта, наведуваат од списанието „Форбс“. Добивката на покојниот крал на попот доаѓа, главно, од вториот постхумно издаден албум „Xscape“, како и од шоуто „Бесмртен“ и „Еден“. Првата петорка во рангирањето на списанието „Форбс“ за најпрофитабилни починати личности се дополнува со иконата Елизабет Тејлор со 25 милиони долари и со реге-легендата Боб Марли со 20 милиони долари.
Рангирањето на списанието „Форбс“ се составува на база на приходите на покојните ѕвезди за периодот меѓу претходниот и сегашниот октомври . Во овогодишната листа на изданието фигурираат 13 починати личности, кои за наведениот период заработиле вкупно 363,5 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.