Мајкл Даглас е во нова љубовна афера, тврдат светските медиуми.
Иако 70-годишниот актер објави дека со неговата сопруга Кетрин Зета-Џонс, се обидуваат да го ревитализира бракот, медиумите пукнаа со веста дека Мајкл Даглас има врска со 35-годишна ѕвезда од серијата „Изгубени“, Еванџелин Лили, со која работи неколку месеци на сетот на филмот „Човекот – мравка“.
Сѐ уште ниту Даглас ниту неговата сопруга не ги коментирале гласините.
Еванџелин Лили е позната по честите вљубувања за време на работа. Во 2004 година таа почна врска со актерот Доминик Монаган и работата речиси дојде до брак, но на крајот се разделија. Сегашниот нејзиниот пријател е асистент режисер, кој исто така се запознал со актерката за време на снимање филм.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.