Асанж во моментов работи на колекцијата маици, блузи, часовници и канцелариски материјал, на кои ќе се наоѓа неговиот лик, но и ликот на Че Гевара. Колекцијата што ќе ја лансира во соработка со индиската компанија „Франшиз Индија“, ќе се најдат џемпери со слоганот „Објавените документи ја обелоденија неправдата“ и „Државен непријател“.
– Индија е една од земјите во која свеста за „Викиликс“ е најприсутна и Џулијан е, навистина, возбуден од нивната соработка – изјавил Олафур Вирџин Сигурвинсон од Исланд, претставник на „Викиликс“.
Асанж требало да се појави на пистата како модел на модната ревија на Бен Вествуд во Лондон, но откажал поради „лошото здравје“. Во секој случај, Џулијан Асанж не е некој што е познат по својот моден стил и досега нема соработувано во модната индустија. Како ќе се снајде во улогата на креатор, наскоро ќе се види.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.